Husamedin Gina
05 Октомври 2020•Ажурирај: 06 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Владата на Република Северна Македонија на осмата седница донесе мерки во насока на спречување на ширењето на коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите три дена регистрирани се над 600 нови случаи на Ковид-19 во земјава.
Владата на синоќешната седница ги прифати мерките што ги претходно ги препорача Комисијата за заразни болести, со кои се предвидува забрана на гостување на пејачи и ограничување на јачината на музиката и на бројот на гости во угостителските објекти.
Според новите мерки на Владата во насока на намалување и спречување на коронавирусот нема да биде дозволено гостување на пејачи/музички групи/диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели/мотели).
Исто така се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти на 55 децибели, а исто така максималниот број на лица на една маса се ограничува на 4 лица, а нема да биде дозволено послужување на гости на стоење на шанк.
Владата, на синоќешната седница, го прифати и укажувањето на Комисијата за потребата од строго почитување на забраната за работа на ноќни барови и дискотеки и потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на забраната.
Вкупната бројка на дијагностицирани случаи со Ковид-19 од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 18.790.
Министерството за здравство на земјата информира дека починале уште 3 лица, а вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 756.
Во моментот активни се 2.693 случаи на Ковид-19.