Admir Fazlagic
17 Декември 2020•Ажурирај: 18 Декември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа починаа 31 лице поради последици од коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус се искачи на 2.225, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие се регистрирани 657 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на регистрирани случаи на овој вирус во земјата се искачи на 76.251.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 920 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјата е 52.413.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 21.613.
Досега во земјата се направени вкупно 373.738 тестирања на Ковид -19, од кои 2.347 во последните 24 часа.