Elena Trenchevska Chekovikj
21 Октомври 2026•Ажурирано: 21 Октомври 2026
Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, утрово телефонски разговараше со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, на сопствена иницијатива, пренесува Анадолу.
Во разговорот, како што објави претседателката на американската платформа за социјални мрежи Х , во услови на глобалната енергетска криза, двајцата соговорници размениле мислења за растечките предизвици и можните начини за нивно надминување.
Сиљановска-Давкова истакна дека разговорот се одвивал во духот на пријателството и заемното разбирање, потврдени и зајакнати за време на нејзината официјална посета на Баку.
„Се договоривме да ја продолжиме и прошириме нашата соработка во областа на енергетиката“, објави претседателката на Северна Македонија.