Sibel Vezaj
14 Декември 2018•Ажурирај: 15 Декември 2018
ПРИШТИНА (AA) – Косово доби Војска, откако со апсолутно мнозинство гласови Собранието на Косово го изгласа Законот за Косовските безбедноси сили (КБС). На гласањето не присуствуваа српските пратеници, јавува Anadolu Agency (AA).
За Законот за КБС со вкупно 45 амандмани, гласаа 106 од вкупно 120 пратеници на Собранието на Косово.
Претходно е усвоен и Закон за Министерство за одбрана, а потоа и Законот за служба во Косовските безбедносни сили.
Иако под исто име, Косовските безбедносни сили станаа „воени мултиетнички сили, професионални, вооружени и овластени за служење во земјата и странство, во согласност со својот уставен и законски мандат", и добиваат мисија да го „штитат територијалниот интегритет, граѓаните, имотот и интересите на Република Косово.
Законите за трансформација на Косовските безбедносни сили во Вооружени сили предвидуваат косовската војска да има мандат на целата територија на Косово, како и сите атрибути на вооружена формација - врховен командат, генералштаб, оружје и симболи.
Предвидено е војската да има до 5.000 активни припадници и да биде мултиетничка, што значи дека во нејзиниот состав би требало да бидат и припадници на малцинствата во Косово, вклучувајќи ги и Србите.
Почесни гости на седницата на Собранието беа претседателот на Косово Хашим Тачи и командантот на Косовските безбедносни сили, генерал полковник Рахман Рама. Во ложата на собраниската сала беа и припадниците на КБС.
Сединцата започна со минута молк за генерациите на паднатите борци, политичките затвореници и сите кои се бореле за слободата на Косово.
До формирање на војската на Косово доаѓа со таканаречениот План Б, односно по законски пат, бидејќи поради противењето на српските пратеници не беше можно да се изгласаат уставните амандмани во Собранието на Косово.