Србија реагира на затворањето на привремените органи на Косово
„Срамното, илегално мачење на Србите на Косово и Метохија од Албин Курти продолжи и утринава“, истакна премиерот на Србија, Милош Вучевиќ
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, истакна дека продолжува „срамното и илегално мачење на Србите“ од Албин Курти, пренесува Анадолу.
Вучевиќ преку објава на социјалните мрежи реагираше на денешната акција на косовската полиција на повеќе локации, при што косовските власти изјавија дека се затворени сите „паралелни српски институции“.
Вучевиќ истакна дека „полицијата на Курти изврши рација во просториите на привремените органи“ и на други институции во неколку града јужно од реката Ибар, додавајќи: „Срамното, илегално мачење на Србите на Косово и Метохија од Албин Курти продолжи и утринава.“
„Будно го следиме натамошниот развој на ситуацијата и ќе ги преземеме сите мерки за заштита на српското население од нови напади од Албин Курти, кој својата изборна кампања, очигледно, ја претвори во продолжување на изживувањето врз нашиот народ“, истакна српскиот премиер Вучевиќ.
Во меѓувреме, според локалните медиуми, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија и главен преговарач на Белград, Петар Петковиќ, ги прекина и ги напушти разговорите со Приштина во Брисел.
Денес во Брисел требаше да се одржи состанок на Мешовитата комисија за исчезнати лица, како почеток на имплементацијата на договорот од дијалогот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.