Gorana Jakovljevic
18 Јуни 2023•Ажурирај: 19 Јуни 2023
БЕЛГРАД (АА) - „Припадници (заб. ав. премиерот на Косово, Албин) на полицијата на Курти во саботата вечерта во Житковац, покрај Звечан, брутално претепаа две деца, К.Р. (15) и Д.Р. (17)“, објави Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Република Србија, пренесува Анадолу.
„Тие присилно ги запреле додека возеле квад, ги малтретирале, туркале, а потоа и физички ги нападнале“, соопштија од споменатата Канцеларија.
Се истакнува дека „братот и сестрата со модрици и хематоми, во придружба на нивната мајка веднаш се примени во КБС Косовска Митровица, на Одделението за хирургија, каде што им е укажана неопходната помош“.
„Очекуваме итна реакција на меѓународната заедница и казнување на извршителите, бидејќи сѐ додека Србите невино страдаат во Косово, дотогаш за ниту еден напад врз Србите нема да се казнуваат извршителите. Едно е извесно - додека е полицијата на Курти во северот на КиМ, дотогаш нема да има мир ниту безбедност за Србите, а степенот на нивната загрозеност повеќекратно се зголемува секој нареден ден“, се наведува во соопштението на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Република Србија.