Elena Trenchevska Chekovic
26 Мај 2026•Ажурирано: 26 Мај 2026
Претседателот на Владата на Србија, Ѓуро Мацут, изјави дека неговата земја и Северна Македонија се братски и пријателски земји, јавува Анадолу.
Мацут се сретна во Белград со претседателката на Националниот совет на македонското национално малцинство, Зорица Митровиќ.
Тема на разговорот беше унапредувањето на положбата на припадниците на македонското малцинство во Србија.
Мацут нагласи дека Србија и Северна Македонија се братски и пријателски земји, ориентирани кон соработка, почитување и меѓусебен просперитет.
„Националните малцинства се вистинско богатство на оваа земја, со кое се гордееме“, рече Мацут.
Тој му се заблагодари на Националниот совет на македонското национално малцинство за партнерството и соработката.