Husamedin Gina
30 Април 2021•Ажурирај: 02 Мај 2021
СКОПЈЕ
По повод празникот Рамазан турската хуманитарна организација Црвена полумесечина денеска во општина Сарај додели 100 кутии со храна, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фуат Емин, шефот на екипата на Турската Црвена полумесечина за Северна Македонија во изјавата за АА истакна дека во земјата се наоѓаат во рамките на планирани активностите на Турската Црвена полумесечина во 2021 година.
Истакнувајќи дека за Северна Македонија се доставени вкупно 1.500 пакети со храна Фуат Емин рече дека со дистрибуцијата на кутиите со храна започнале вчера во регионот Радовиш и дека таму се доделени 500 пакети за семејствата кои имаат потреба.
„Денес започнавме со дистрибуција во регионот Сарај. Тука ќе дистрибуираме 100 пакети со храна. Овие дистрибуции ќе продолжат утре и другите денови. Особено би сакал да го истакнам следното. Од 1.500 пакети со храна што ќе ги дистрибуираме 1.000 се подржани од организацијата ‘For Children Smile‘. Со нивниот придонес пакетите ги споделува со семејствата кои имаат потреба за помош. Сакам да им се заблагодарам на нив и на сите наши донатори“, рече Емин.
Исто така, Емин им се заблагодари на турските невладините организации во земјава , „Мерхамет“ и „Енсар“ за нивната поддршка при дистрибуција на кутиите со храна.