Adel Ömeragic
06 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ утре ќе присуствува на подигањето на црногорското знаме во седиштето на НАТО во Брисел, јавува Anadolu Agency (AA).
Вујановиќ, како што се вели во соопштението од неговиот кабинет, ќе се обрати во седиштето на НАТО, каде што ќе има состанок со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Со претседателот Вујановиќ, во делегацијата ќе биде министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ и министерот за одбрана Предраг Бошковиќ, како и претходните министри за одбрана и за надворешни работи кои учествуваа во евроатлантските интеграции“, се вели во соопштението.
Црна Гора од вчера формално стана 29.членка на НАТО.