Recep Şakar
16 Септември 2017•Ажурирај: 17 Септември 2017
МЕЛБУРН (АА) - Во австралискиот град Мелбурн започна традиционалниот фестивал на лалињата, цвеќињата кои означуваат еден историски период, култура на Истокот, митологијата, а посебно место завзема и во книжевноста, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот прв пат во 2005 година организираше Платформа на турската култура во Австралија. Оваа година во Силвана во Мелбурн се одржува по 13-ти пат.
За време на фестивалот кој завршува утре, посетителите ќе имаат можност да уживаат во турската музика, народни игри, ебру, како и други активности кои ја промовираат турската култура.
Претседателот на платформата, Хилкат Озгун за АА изјави дека првичната цел на фестивалот е промоција на турската култура.
Исто така, истакна дека целта е создавање на мостови помеѓу различните култури. Озгун појасни дека голем број посетители се изненадени од фактот дека потеклото на лалето доаѓа од Турција.
Иако овој цвет денес е симбол на Холандија, тој не потекнува од нејзината територија.
Првите траги за потеклото на ова цвеќе датираат од 12-тиот век, а историчарите успеале да утврдат дека лалињата растат илјада години, во областа помеѓу Северна Кина и Јужна Европа.
Сепак, првата „грозница" поврзана за овој цвет се случила во областите кои денес и припаѓаат на Турција.