Elvır Hodzıc
26 Мај 2026•Ажурирано: 26 Мај 2026
При излетување на училиштен автобус од патот денес во Хрватска повредени се три лица, додека другите патници, главно ученици, се здобиле со полесни повреди и биле во состојба на шок, соопшти задарската полиција, јавува Анадолу.
Повикот за несреќата е примен во 7:58 часот, а полицијата потврди дека автобусот излетал од патот и дека сите итни служби веднаш биле упатени на местото на настанот.
Автобусот сообраќал на релација Мушковци–Обровац и превезувал ученици кон Обровац.
Повредените лица се пренесени за укажување лекарска помош, а на другите патници помош им е укажана на местото на несреќата.
На местото на несреќата во тек е полициски увид со кој се утврдуваат сите околности на настанот.