Aldijana Hadzic,Stipe Majic
26 Февруари 2021•Ажурирај: 27 Февруари 2021
ПЕТРИЊА
Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, во придружба на петрињскиот градоначалник Даринко Думбовиќ го посети центарот на Петриња, кој беше разрушен од силен земјотрес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу, кој престојува во дводневна официјална посета на Хрватска, се увери во значајната штета настаната за време на земјотресот кој на 29 декември 2020 година го погоди ова подрачје.
Министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, најпрво ја посетија Касарната „Полковник Предраг Матановиќ“, а потоа и контејнерската населба на Сајмиште во Петриња каде што се наоѓаат станбени контејнери кои ги донира Турција. Тука се состанаа со семејството на кое му е доделено еден од станбените контејнери.
Чавушоглу официјалната посета на Република Хрватска ја започна вчера во Загреб со состанокот со претседателот на Мешихатот на Исламската заедница, муфтијата Азиз Хасановиќ.
По состанокот, заедно со делегациите го посетија Меморијалниот споменик на загинатите Бошњаци во Татковинската војна каде што се помолија за 1.182 загинати лица, бранителите на Бошњаците во војната во Хрватска во 1990 година.
Чавушоглу за време на посетата на Хрватска би требало да се состане со претседателот Зоран Милановиќ, премиерот Андреј Пленковиќ и со претседателот на Парламентот, Гордан Јандроковиќ.