Adel Ömeragiç
02 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Финансиската обврска на Црна Гора кон НАТО ќе биде членарина која на годишно ниво ќе изнесува околу 450.000 евра, соопштено е денес од Комуникацискиот тим на Советот за членство во НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Црна Гора на Самитот на НАТО на 25 мај, кој ќе биде одржан во Брисел, ќе стане 29.членка на организацијата.
„ Често се пласираат погрешни информации дека НАТО бара 2 отсто бруто домашен производ (БДП) за членство. Тоа е сосема неточно, бидејќи постојат два вида на трошоци- едниот е членарина која сите ја плаќаат и која за Црна Гора ќе изнесува 450.000 евра или 0,027 отсто од вкупниот заеднички годишен НАТО буџет. Другиот вид на трошоци се трошоците за домашниот систем на одбрана кој Црна Гора секако мора да го има, а сегашниот комплетен буџет за одбрана на Црна Гора за 2017 година е околу 50 милиони евра, од кои околу пет милиони евра се од сопствени приоди, што значи дека членарината од 450.000 евра е апсолутно прифатлива и остварлива”, се наведува во соопштението на Комуникацискиот тим на Советот за членство во ЕУ.
Соопштено е дека иницијативата да се бара од членките на НАТО да издвојуваат 2 отсто од БДП за членство всушност се однесува исклучително на издвојување за сопствена одбрана на секоја земја посебно, како и дека таа иницијатива во Црна Гора често се споменува во погрешен контекст.
„Станува збор за 2 отсто издвојување за одбрана и тие средсва се насочуваат на националниот систем. Значи тоа се издвојувата за одбрана во Црна Гора. Планот е да се достигне 2 отсто од БДП за издвојување за вкупна одбрана до 2024 година и тоа е во агендата на долгорочно планирање и е усвоено на ниво на Владата”, пишува во соопштението.
Се наведува дека на Самитот на НАТО во Велс, пред три години било договорено, а сите држави членки се согласиле, до 2024 година да се достигнат и тие предложени 2 отсто од БДП за одвојување на сопствен систем на одбрана, со што и Црна Гора се согласила.