Bedrudin Brlyavac
13 Јули 2017•Ажурирај: 13 Јули 2017
ТРСТ (АА) - Шест лидери од Западен Балкан (ZB6) на Самитот во Трст го поддржаа повеќегодишниот Акциски план за регионалниот економски простор на Западен Балкан (MAP), пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Советот за регионална соработка (RCC) се наведува дека MAП е избработен со цел да овозможи непречен проток на роба, услуги, капитал и квалификувана работна сила, правејќи го овој регион поатрактивен за вложување и трговија и за побрзо приближување кон ЕУ, носејќи на тој начин просперитет за граѓаните на Западен Балкан.
МАП предвидува мерки за помош на приватниот сектор да се реализира на пазарот во однос на 20 милиони луѓе и пренасочување модел на раст на регионално ниво, со долгорочни придвижувачи. Мерките се фокусираат на промовирање на понатамошната трговска интеграција, воведувањето на динамичен регионален простор за инвестиции, олеснување на регионалната мобилност и создавање програми за дигитална интеграција.
Секретаријатот на Советот за регионална соработка (СРС) има задача со CEFTA (ЦЕФТА), која е задолжена за сферата на слободна трговија, редовно да ги информира самитите во рамките на Берлинскиот процес за остварениот напредок во спроведувањето на мерките утврдени со МАП.
„Ние во Советот за регионална соработка сме задоволни што од регионалните лидери и ЕУ добивме задолжение да го подготвиме овој амбициозен план. Тоа е важен чекор за земјите од Западен Балкан, во правец на подобро интегрирање во европските и глобалните синџири на вредност и побрзо приближување кон остатокот од континентот“, рече генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ.
„Шест лидери од Западен Балкан ја изразија својата целосна посветеност за спроведувањето на МАП. Ова ќе им даде значаен поттик на процесите за пристап кон ЕУ, врз основа на индивидуални заслуги, ќе го забрза целосно спроведување на економските критериуми од Копенхаген и ќе ослободи поголеми економски потенцијали. МАП произлегува од обврските преземени во рамките на стратегијата Југоисточна Европа 2020 година и на Централноевропскиот договор за слободна трговија, а се заснова на правилата и принципите на ЕУ од договорот за стабилизација и придружување“, порачаа од RCC.
Во рамките на Самитот, одржан е деловен форум наменет за јакнење на економските проекти на Западен Балкан, како и билатерални средби меѓу компании и институции од земјите учеснички на Самитот.