Fatjon Cuka
07 Април 2026•Ажурирај: 07 Април 2026
Во Албанија, земјоделците протестираа поради „националната шема за земјоделство“, јавува Анадолу.
Во организација на здружението „Производители на млеко“ (BPQ), десетици земјоделци протестираа пред Министерството за земјоделство и рурален развој.
За време на протестот земјоделците тврдеа дека Националната шема за поддршка на земјоделството за 2026 година не обезбедува поддршка за нив.
Според нив, трошоците за земјоделски и сточарски производи се високи, барајќи зголемување на поддршката и субвенциите.
Демонстрантите држеа транспаренти со натписи „Не сакаме да емигрираме“, „Без земјоделци нема храна“, „Почит за домашното производство“, „Придонеси за здрава исхрана“ и „Бојкотирајте ги српските компании“.
Пред неколку дена Советот на министри на Албанија ја усвои Националната шема за поддршка на земјоделството за 2026 година која, според властите, има цел зајакнување на земјоделскиот сектор преку проширување на бројот на корисници и постепено усогласување со стандардите на Европската Унија (ЕУ).
Претходно Министерството за земјоделство и рурален развој соопшти дека шемата е подготвена по широка консултација со земјоделците низ целата земја.
Шемата ја оспорија некои групи земјоделци во земјата откако беше донесена одлука за укинување на мерката за компензација на горивото за земјоделците, а, според властите, оваа мерка ќе се прошири преку другите мерки за земјоделците.