Övünç Kutlu
28 Февруари 2024•Ажурирај: 29 Февруари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Цената на биткоинот денес достигна 60.000 долари, првпат по повеќе од две години, јавува Анадолу.
Биткоинот утрово се тргуваше по цена од 60.226 долари, со дневен раст на вредноста од 6,2 отсто, што последен пат е забележано во ноември 2021 година.
Вредноста на најпознатата криптовалута во светот во понеделникот порасна на над 54.000 долари, првпат од 3 декември 2021 година, а растот на вредноста за седум дена изнесува 17,9 отсто.
Вредноста на биткоинот бележи раст од 11 јануари, кога американската Комисија за хартии од вредност го одобри биткоинот ЕТФ, односно фондовите со кои се тргува на берзата. Овој потег им овозможи на инвеститорите, особено на финансиските институции, да тргуваат со биткоин без да го поседуваат.
Вредноста на етерумот, најголем алткоин во светот по пазарна капитализација, се зголеми за 2,4 отсто на 3.345 долари, додека неделниот раст на вредноста изнесува 15,2 отсто.
Порастот на цената на етерумот е резултат на потенцијалното одобрување на етерум ЕТФ и неговата претстојна надградба денкан на 13 март.
Со зголемувањето на вредноста на биткоинот и етериумот, некои алткоини забележаа дневен раст на цената од повеќе од 20 отсто.
Вредноста на пазарот на криптовалути се зголеми за 4,6 отсто на 2,24 билиони долари, додека уделот на биткоинот на пазарот на криптовалути на 52,9 отсто, а на етерумот на 18 отсто, според податоците на КоинМаркетКап (CoinMarketCap), веб-страницата за следење на цените.