економија

Граѓанската војна штетно влијаеше врз сириската економија

Економијата се намали за околу 75 проценти од 2011 година наваму, а бруто националниот производ на земјата, за 7 години падна од 60 милијарди долари на 15 милијарди долари.

Bahattin Gönültaş  | 15.03.2018 - Обновена : 15.03.2018
Граѓанската војна штетно влијаеше врз сириската економија

Ankara

АНКАРА (AA) - Бахатин Ѓонулташ - Сириската економија опадна за околу 75 отсто од почетокот на конфликтите во земјата во 2011 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Според проценките на АА врз основа на податоците на Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и Обединетите нации (ОН), граѓанската војна и меѓународните санкции сериозно ја намалиле економската активност во Сирија, а економските показатели на земјата се целосно влошени.

Извозот и увозот опаднаа во земјата, а буџетскиот биланс излезе од контрола. Падот на вредноста на сириската фунта (СЈП) и високата стапка на инфлација ја намалија куповната моќ на народот.

Економијата се намали за околу 75 проценти од 2011 година наваму, а бруто националниот производ на земјата, за 7 години падна од 60 милијарди долари на 15 милијарди долари. Според Извештајот на ОН, потребни се најмалку 200 милијарди долари за реструктуирање на земјата и враќање на бруто националниот доход на ниво од 2010 година.

Меѓународните девизни резерви се намалија од 20 милијарди долари на 1,1 милијарда долари, а негативниот тек на економијата во земјата влијаеше и врз валутата. Од почетокот на конфликтите, сириската фунта ја загуби својата вредност за околу 11 пати во однос на доларот. Соодносот долар/СЈП достигна до ниво од 515.

Производството на нафта, кое пред граѓанската војна во земјата изнесуваше 380.000 барели дневно, минатата година падна на 10.000 барели дневно. Забраната за увоз на нафта од страна на Европската унија (ЕУ), која е главен купувач на сириската нафта, исто така, сериозно ги погоди приходите на земјата.

Додека буџетскиот дефицит е 20% од националниот доход во 2016 година, товарот на долгот се зголемува од ден на ден. Сирија, која се обидува да добие заеми од Русија и Иран со цел да ги надмине економските тешкотии, долгот кон овие земји го зголеми на 40 милијарди долари.

Гледајќи ги податоците за надворешно-трговската размена, извозот се намалил за 90 отсто, односно, паднал на 811 милиони долари, додека увозот опаѓал за 79 отсто, односно, се намалил на 5,5 милијарди долари.

- Бројот на туристи кои ја посетија земјата се намали за 85 отсто

Пред конфликтот, приходите од туризмот, кои сочинуваа околу 14 отсто на националниот приход во Сирија, е забележано дека во 2011 година изнесува 8,3 милијарди долари. Според Министерството за туризам на Сирија, вкупниот број туристи кои ја посетија земјата минатата година се намалил за 85 отсто во споредба со 2011 година, а бројката на посетители од 8,3 милиони паднал на 1,3 милиони посетители.

Стапката на невработеност во 2011 година изнесуваше 14,9 проценти, а во 2016 година таа се зголемила за 60 проценти. Експертите велат дека невработеноста е повисока од официјалните бројки.

Според ОН, бројот на населението е намален за околу 30 проценти. Бројот на регистрирани бегалци во Турција, Јордан, Египет, Либан и Ирак изнесува 5.600.000 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.