Admir Fazlagic
30 Август 2016•Ажурирај: 31 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Индустриското производство во јули годинава е повисоко за 5,1 отсто во однос на истиот месец минатата година, додека во првите седум месеци од годинава бележи пораст од 5,6 отсто во споредба со истиот период од минатата година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според секторите, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули годинава во однос на истиот месец минатата година бележи опаѓање од 5,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 6,1, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација раст од 15,4 отсто
„Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред се, на зголеменото производство во одделите Производство на пијалоци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки", се наведува во соопштението на ДЗС.
Исто така, се додава дека според главните индустриски групи, производството има пораст кај Енергија за 12,5 отсто, Капитални производи за 34,5 и Трајни производи за широка потрошувачка за 57,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 проценти и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 процент.