Amina Zorniç
05 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
САРАЕВО (AA) - Добра инфраструктура која се се одразува преку напреден патен и железнички сообраќај и водоводна и канализациона мрежа и други пропратни објекти се еден од најважните параметри за развојот и економскиот напредок како и за привлекување на странските инвестиции. Ова е заклучокот на панекот на Sarajevo Business Foruma каде беше зборувано на тема: "Инфраструктурен развој- глобални предизвици и пристапи", јавува Anadolu Agency (AA).
Своите искуства во поглед на инфраструктурата ги претстави Џионг Тао, заменик на градоначалникот на Јиву, град на кинеската провинција Зхејианг кој често се нарекува и како "град на трговијата".
Низ Јиву, како истакнува Тао, преку трговија поминува околу 70 отсто на сите подароци и стоки која се раменуваат во Кина.
Исто така, од градот Јиву до Мадрид се протега најдолгата железница на светот која минува низ осум земји, Кина, Казахстан, Русија, Белорусија, Полска, Германија, Франција и Шпанија. И покрај важноста на тој мегапроект, Тао истакнува дека тамошните власти се сретнуваат со бројни предизвици.
„Еден од предизвиците е инфраструктурната интерактивност. Таа железница оди низ осум држави, должина на железницата е различна во секоја држава, робата која се превезува мора да се префрли од еден воз во друг и то бара многу време и тоа е нашиот најголем проблем. Бараме партнери да се инвестира во железнички проекти за да можеме да ја направиме подобро таа логистика. Втора работа се трговските бариери, мораме два пати да одиме на царина и тоа исто така ги отежнува работите, тоа се предизвиците со кои мора да се соочиме" , нагласи Тао.
И приоритет на владата на Индонезија е проблемот на инфраструктурата во таа земја, рече Алви Шахиба, специјалниот пратеник на претседателот на Република Индонезија за земјите за Исламска соработка.
Зборувајќи за инфраструктурата во Индонезија, нагласи дека таа југоисточна азиска земја се состои од 17 илјади острови од кои речиси седум илјади се населени. Државата е како што рече, "поделена" на западна и источна страна по параметарот на развиеноста, што актуелната влада настојува да го смени.
"Западниот дел е понапреден, има повеќе инвестиции, посебно на Јава додека источниот дел има малку инвестиции поради слабата инфраструктура. Сегашната инсистира инфраструктурата да биде финансирана од страна на владата бидејќи никој нема да отиде таму да гради автопатишта. Кога зборуваме за предизвиците, мислам дека се свесни дека Индонезија е релативно успешна во погледот на раст. Пред 2,3 години имавме стапка на раст од 6 отсто, амбициите на владата се тоа да биде седум отсто. Имаме огромни прилики за инвестиции, но проблемот се одноесува на перцепциите, еден од проблемите на непостоење реформи, постоечката администрација настојува да ја подобри бизнис климата", рече Шихабаба.
Кога станува збор за инфраструктурата во регионот на Балканот, таа може и мора да се унапреди, смета Зханг Џиаојуан, генералниот директор на кинеската компанија за Србија "Кинески патишта и мостови". Тој рече дека компанијата која ја предводи во 2015 година инвестирала околу 2.500 километри автопат во Кина од што веќе половина се во употреба.
"Нашата компанија стана најголем инвеститор во Кина во изградба на автопатишта. Кога станува збор за овој регион, веќе го завршивме проектот во Белград. Според проценката на српската влада, проектот помина добро и во рамките на временските одредби. Минатата година имавме проект во Црна Гора на основа на платформата на билатералната соработка помеѓу двете влади, треба да се работи на тоа", рече Џиаојуан.
Босна и Херцеговина со проектот за изградба на Коридорот 5c која ќе го поврзува пристаништето Плоче со Будимшешта зема учество во ширењето на транс-европската мрежа, потсети Лан Браун шефот на претставничкиот кабинет на Европската банка за обнова и развој во Босна и Херцеговина со седиште во Сараево.
Подобрувањето на инфраструктурата во БиХ и во земјите од регионот, како што нагласи е приоритетна задача на Кабинетот.