Gülbin Yıldırım
27 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Меѓународниот монетарен фонд ги објави аналитичките делови на извештајот за Светскиот економски преглед во бројот за октомври 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
„Генерално, во аналитичките делови коишто се состојат од три извештаи беа направени технички анализи во врска со прашањата „светската трговија: што има зад забавувањето?“, „глобалната дефлација во време на ограничена монетарна политика“ и „трансформацијата на Кина и влијанијето на емиграцијата“.
Во извештајот, особено внимание се дава на забавувањето на глобалната трговија и се истакнува дека од 2012 година, обемот на трговијата е намален за околу 3 проценти, како и дека главна причина за ова се намалените инвестиции и, генерално, слабеењето на економските активности. Покрај ова, зголемувањето на протекционизмот и забавувањето на стапката на раст на глобалниот синџир за снабдување се сметат како главни фактори за намалување на обемот на трговијата.
- „Монетраната политика е недоволна во борбата против дефлацијата“ -
Во врска со глобалната дефлација, во извештајот беше наведено дека ниската инфлација има големо влијание, како од аспект на државите, така и од аспект на секторите, и дека падот на цените на производите се должи на слабеењето на економијата.
Според извештајот, минатата година кога беше направена една студија за 120 земји, беше потврдено дека 85% од овие земји и понатаму остануваат под долгорочните очекувања за инфлација, а пак 20% од нив се наоѓат во дефлација.
Аналитичарите на ММФ предвидувват дека монетарната политика го ослабнува влијанието во борбата поротив дефлацијата.
Во извештајот се истакнува и загриженоста дека дефлацијата може да се претвори во долгорочен проблем.
- Турција издвојува 1,3 проценти од бруто домашниот производ за бегалците -
Во последниот извештај заземаат место анализите во врска со поминувањето на постабилен модел за развиеност на Кина и факторите што ја зголемуваат емиграцијата.
Во него се наведува дека овие два фактора се важни за светската економија и дека и покрај тоа што на краток рок има недостатоци, на долг рок ќе излезат на виделина придобивките.
Наведениот извештај посочува дека Турција издвојува 1,3 проценти од бруто домашниот производ за околу 3 милиони Сиријци што се наоѓаат во Турција.