Associated Press
29 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Иранската валута и денес продолжи со стрмоглавото опаѓање на вредноста во однос на американскиот долар, што е последица на растечките американски санкции против земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вредноста на иранскиот ријал денес падна на вредност од 112.000 од вчерашните 98.000 во однос на еден американски долар. Курсот што Владата на Иран го одреди денес е 44,070 од вчерашниот 35,186 во однос на еден долар.
Иранската валута губи вредност во однос на доларот веќе со години, а тој негативен тренд, според Техеран, е забрзан од мај оваа година, кога американскиот претседател Доналд Трамп ја објави одлуката за повлекување на САД од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и најави воведување остри санкции кон Иран од следниот месец.
Владата на Иран минатата недела го смени гувернерот на Централната банка на Иран, Валиола Сеиф. Тој е прогласен за еден од виновниците за падот на вредноста на ријалот и хаосот на црниот пазар до кој дојде поради олеснатиот наплив на странски валути во Иран.