Zülfiya Yakup
30 Мај 2016•Ажурирај: 31 Мај 2016
ПРИШТИНА (АА) - На годишниот јавно-приватен форум во организација на Стопанската комора на Косово, Kосовската царина и Американската стопанска комора, претставен е "Извештајот за реформите во царината и ефектите на бизнисот", јавува Anadolu Agency (AA).
Во прилог на натамошното зајакнување на партнерството помеѓу јавниот и приватниот сектор, Форумот има за цел да им понуди можност на компаниите кои се најмногу подложни на плаќање царина, да ја изнесат својата загриженост во врска со проблемите со кои се соочуваат во справувањето со царинските службеници.
Министерот за финансии, Aвдула Хоти, на Форумот истакна дека измените на фискалната политика им помогнаа на компаниите полесно да работат и дека е напредната соработката со бизнисите.
"Она што го гледам од мојата канцеларија, имаме многу помалку поплаки отколку што имавме на почетокот на мојот мандат. Буџетскиот прилив за кој бев заинтересиран видно се зголеми во споредба со претходниот период, без загрозување на бизнисот", рече Хоти.
Директорот на косовоската Царинска управа, Лулзим Рафуна потсети дека Царината беше првата јавна институција, основана веднаш по војната во Косово, и дека се уште е главниот собирач на средствата за буџетот на Косово. Најважниот период за развојот на Царината, според неговите зборови, беше декември 2013 година, кога се опфатени и двата гранични премини во северно Косово према Србија, што имаше влијание и на странските инвеститори. Рафуна оценува дека реформите што се направени во консултација со стопанските комори и бизниси, имаат дадено ефекти.
"Ние формиравме многу единици за олеснување на процедурата. За олеснување на работата се формираа посебни единици кои се во насока на контрола на квалитетот на работата на царинските службеници, но и системот кој ги обработува сите царински процедури", рече директорот на Царинската управа.
Рафуна го изнесе податокот дека Косовската царина од своето основање до денес има собрано околу 10 милијарди евра, а само во последните две години, повеќе од 140 милиони евра.
"Во 2015 година постигнавме да имаме за 30 отсто помалку поплаки во однос на 2014 година, а ме радува тоа што паралелно растеше бројот на законски совети. Зголемувањето на законските совети делуваше превентивно на намалување на бројот на жалби. Понатаму, во 2015 година постигнавме светски стандард во ефикасноста на Царината и за еден вложен цент од страна на Владата, Царината враќа 99 центи во државниот буџет", рече Рафуна.
Аријан Зека, од Американската стопанска комора, истакна дека во последниве години е постигната одлична соработка меѓу институциите и претпријатијата, особено во царината.
"Иако сè уште постојат проблеми кои ги мачат бизнисите, важно е да се зборува за тоа", порача Зека.