Zeynep Çetinkaya,Zeynep Canlı
16 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
АНКАРА
Министерката за трговија на Турција, Рухсар Пекџан, истакна дека турските производи заслужуваат да бидат на секој пазар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пекџан преку видео – конференција присуствуваше на програмата на Виртуелна трговска делегација во Индонезија.
Истакнувајќи дека пандемијата продолжува да влијае на економијата, Пекџан рече дека Турција заедно со голем број на други земји го доживува вториот бран на пандемијата.
Пекџан истакнувајќи дека производството и извозот мора да продолжат за да може да се развива земјата, рече дека извозниците со голем напор ги продолжуваат своите комерцијални активности.
Истакнувајќи дека од мај досега се организирани 10 различни програми за виртуелна делегација кои опфаќаат 12 земји, Пекџан рече дека програмата за Индонезија е единаесеттата програма за виртуелна делегација која е организирана.
Наведувајќи дека биле организирани 34 различни виртуелни делегации за 44 земји, вклучително и секторските делегации, Пекчан рече: „Во овие програми 600 наши компании се сретнаа со 1.600 странски компании и одржани се повеќе од 5.300 билатерални деловни состаноци. Исто така сакам да кажам дека 6 наши виртуелни саеми завршија со вкупно 50 илјади посетители.“
Подвлекувајќи дека виртуелните делегации ја демонстрираат флексибилноста, динамичноста на турските извозници и можноста да се решат од тешкотиите и неизвесностите, Пекџан додаде дека се задоволни од интересот за виртуелната делегација и досегашните активности.
Министерката Пекџан истакнувајќи дека производите на Турција заслужуваат да бидат на секој пазар рече:
„Ние имаме доверба во нашето производство, во извозниот потенцијал, во деловните луѓе, во нашата динамика. Ќе ја продолжиме нашата борба за отворање кон нови пазари и продлабочување на нашето портфолио за извоз на постојните пазари.“