Admir Fazlagic
10 Март 2016•Ажурирај: 11 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Фондот на Пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија (ПИОМ), Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македнија и осигурителната компанија САВА Осигурување, денес потпишаа трипартитен договор со кој на пензионерите им се овозможува користење на осигурителните услуги по поволни услови, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на САВА Осигурување Петер Скварча изјави дека се работи за проект наменет за македонските пензионери, кој ќе им овозможи најповолни услови на користење на осигурителните услуги.
"Се работи за проект кој е наменет за пензионерите на Република Македонија, во кој што САВА по најповолни услови нуди услуги за таа категорија на луѓе. Договорот е направен благодарение на Фондот на ПИОМ и на Сојузот на пензионерите кои сакат да подготват најдобри услови за своите членови. Во овој проект стапивме врз основа на искуството коешто го имаше нашата компанија сега во Република Црна Гора", изјави Скварча и додаде дека проектот е направен врз основа на нивното регионално искуство од проектите од ваков вид, како и поради потребата за користење на осигурителните услуги на македонските пензионери.
Скварча информираше дека проектот е направен пред пред месеци, за што се направени многубројни анализи со цел да се изнајде соодветен пристап за да се направат поволни услови за оваа категорија на луѓе.
Директорот на Фондот на ПИОМ Шаип Зенели говорејќи за денешниот скучен договор помеѓу Фондот, САВА Осигурување и Здружението на пензионерите изјави дека преку овој проект имаат за цел да им овозможат на пензионерите на поволен начин да ги користат осигурителните услуги кои им се потребни, како и да укажат дека пензионерите се значаен ден од општествениот и социјалниот живот.
"Членовите на здружението на пензионерите, кои го потпишаа овој договор ќе можат да дојдат кај нас, ние да ја направиме таа административна забрана и сите тие услуги кои ги нуди САВА осигурување да можат да ги користат и тие, плаќајќи на рати. Овој проект е многу успешен во Црна Гора, каде што ние бевме нивни гости и се уверивме во тоа, дека овој проект оди во корист на пензионерите", потенцираше Зенели.
Директорот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Драги Агировски по повод потпишувањето на договорот со САВА Осигурување и Фондот на ПИОМ , со кој на пензионерите, членови на здружението кои ги има преку 250 илјади, изјави дека на пензионерите им се овозможува да ги користат осигурителните услуги на поволен начин, што за нив претставува олеснување од материјален аспект, но проектот има и други бенефити.
"Воспоставивме солидна соработка во интерес на сите пензионери на Република Македонија. Овој проект има многу позитивности затоа што сите пензионери и нивните семејства, ќе имаат право преку САВА осигурување да се осигуруваат, да земаат зелен картон, каско осигурување и други услуги. На овој начин ќе се овозможи овие услуги пензионерите да ги добиваат по многу поволни услови затоа што ќе може да се плаќа на рати и без камати што е многу важно за нас пензионерите", изјави Агировски.
Имплементацијата на потпишаниот договор започнува од денот на неговото потпишување, односно од денеска. Претставниците на организациите кои го потпишаа денешниот договор истакнаа дека договорот е од взаемен интерес за сите страни и произлгува од интересот и потребата на пезнионерите да ги користат осигурителните услуги.