Amina Zorniç
12 Септември 2016•Ажурирај: 13 Септември 2016
СЕУЛ (AA) - Компанијата „Самсунг електроникс“ забележа значителен пад на цените на акциите откако објави дека ја повлекува линијата на најновите уреди, смартфонот „Самсунг ноут 7“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Најголемиот произведувач на мобилни телефони во светот минатата недела објави дека го повлекува новиот модел на телефонот откако дефект пријавиле речиси 40 корисници.
Како што е наведено, станува збор за 2,5 милиони мобилни уреди со неисправна батерија, која предизвикува пожар доколку уредот предолго се држи приклучен на адаптерот за полнење. Неколку светски авиокомпании издадоа предупредување до своите патници да не го внесуваат спорниот уред во авионите.
„Самсунг“ на купувачите на новиот „Ноут 7“, кој е пласиран на пазарот кон крајот на август и чини 680 фунти, им понуди замена за некој друг уред.