Necva Taştan Sevinç
28 Август 2026•Ажурирано: 28 Август 2026
Економијата на Франција забележа нулта стапка на раст во вториот квартал од 2026 година, со што за малку избегна техничка рецесија, покажаа ревидираните официјални податоци објавени денес, пренесува Анадолу.
Бруто-домашниот производ (БДП) останал непроменет во периодот од април до јуни, соопшти Националниот институт за статистика и економски студии (INSEE) во деталните квартални резултати.
Институтот ја ревидираше својата првична проценка за раст од 0,2 проценти во вториот квартал на нула проценти.
Исто така, ја намали проценката за првите три месеци од годината, соопштувајќи дека економијата се намалила за 0,2 проценти во периодот од јануари до март, во споредба со претходната проценка за пад од 0,1 процент.
Според ревидираните податоци, француската економија практично стагнирала во првата половина од 2026 година, објави францускиот канал БФМТВ.
Франција за малку избегна техничка рецесија, која вообичаено се дефинира како два последователни квартали на економски пад.
Економијата се намалила во првиот квартал, но во вториот квартал стагнирала наместо повторно да бележи пад.