Gökhan Ergöçün
26 Октомври 2026•Ажурирано: 26 Октомври 2026
Цените на природниот гас во Европа пораснаа за 3,3 отсто, надминувајќи 97 евра (108,8 долари) за мегават-час за првпат од 2022 година, бидејќи конфликтот на Блискиот Исток продолжува да го загрозува снабдувањето, јавува Анадолу.
Интензивирањето на конфликтот на Блискиот Исток значително ја зголеми загриженоста во врска со снабдувањето со енергија во текот на зимата, особено затоа што испораките на течен природен гас (ТПГ) од Персискиот Залив, кои претходно сочинуваа речиси една петтина од глобалното снабдување, и натаму се намалени за околу 80 отсто на годишно ниво.
Фјучерсите на европскиот гас се тргуваа по цена од 97,15 евра за мегават-час во 8:20 часот по Гринич, што претставува раст од 3,3 отсто во однос на затворањето во петокот и највисоко ниво од декември 2022 година.
Дополнително зголемување на ранливоста на пазарот претставува податокот на „Гас инфраструктур Јуроп“ (GIE), според кој складиштата за гас во ЕУ се пополнети до само 74,6 отсто од капацитетот, што е значително под историските сезонски просеци.