Aida Cako
26 Јануари 2026•Ажурирај: 27 Јануари 2026
ДАКА (АА) – Земјоделците во главниот град на Бангладеш, Дака, и неговата околина и понатаму во голема мера ги користат традиционалните методи за сушење на земјоделските производи, но интересот за модерни технологии постепено расте поради климатските услови и зголемените загуби на посевите, jавува Анадолу.
Најголем дел од земјоделците сè уште ги сушат оризот и другите житни култури така што ги распостилаат под сонце во дворовите, покрај патиштата или на бамбусови подлоги.
Овој начин на сушење, кој со генерации се применува во руралните и урбаните средини, во голема мера зависи од временските услови и често ги изложува производите на влага, загадување и штети.
Во исто време, во земјата сè поголема примена добиваат современите решенија, како соларните сушници со оџак за овошје и зеленчук, како и специјалните апсорбирачки зрнца за намалување на влагата во семињата. Овие технологии овозможуваат побрзо и поефикасно сушење, со помали загуби и подобар квалитет на производите.
Со постепеното воведување нови технологии земјата се обидува да го зајакне својот аграрeн сектор и да се приспособи на предизвиците што ги носат климатските промени.