Ömer Faruk Yıldız
05 Март 2019•Ажурирај: 08 Март 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Тајландски бизнисмен вели дека ќе организира натпревар за да најде сопруг за неговата ќерка, која сака да се омажи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Арнон Родхонг (58), кој работи со продажба на овошјето дуриан, на својот профил на социјалните мрежи напиша дека неговата 26-годишна ќерка сака да се омажи и за да најде идеален маж на својата ќерка, ќе организира натпревар.
Биснисменот Родхонг нагласи дека на лицето што ќе се ожени со неговата ќерка, ќе му даде 10 милиони тајландски бати (314 илјади долари). Биснисменот не објасни за тоа каков натпревар ќе организира за да најде сопруг на својата ќерка.
„Ако чекам некој да дојде и да стане сопруг на мојата ќерка, ќе помине долго време. Затоа барам да дојде сега“, нагласи бизнисменот.
Ќерката на бизнисменот, Карнсита Родхонг, истакнувајќи дека е задоволна од идејата на својот татко, рече: „Не сум пребирлива, сакам да најдам маж со кого ќе одам на општествени настани на кои ќе се фотографираме заедно.“
По објавата на богатиот бизнисмен, стотици лица се пријавиле за да се омажат со ќерката на бизнисменот.