Faisal Mahmud
15 Септември 2026•Ажурирано: 15 Септември 2026
Бројот на луѓето на возраст од 100 или повеќе години во Јапонија за првпат надмина 100.000, објавија локалните медиуми денес, јавува Анадолу.
Бројот на 1 септември се зголемил за 7.914 во однос на претходната година, достигнувајќи рекордни 107.677 лица, што претставува 56-то последователно годишно зголемување, објави „Кјодо њуз“, повикувајќи се на податоци од Министерството за здравство, труд и социјална заштита.
Жените сочинуваат 87,6 отсто од стогодишниците во Јапонија.
Според „Кјодо“, уште 54.294 лица се очекува да наполнат 100 години во фискалната 2026 година, што е зголемување за 1.984 лица во споредба со претходната година.
Во Јапонија просечно има 87,51 стогодишник на 100.000 жители.
Фујо Кишимото, 114-годишна жителка на Кјото, родена на 20 декември 1911 година, е најстарата жена во Јапонија, додека 112-годишниот Хикару Като од Кумамото, роден на 2 мај 1914 година, е најстариот маж во земјата.
Јапонија во 1963 година, кога започнало собирањето на податоци, имала само 153 стогодишници. Бројот надминал 1.000 во 1981 година, 10.000 во 1998 година и 50.000 во 2012 година.
Просечниот животен век во Јапонија во 2025 година изнесувал 87,33 години за жените и 81,35 години за мажите.