Muhammet Nusret Altun
19 Август 2019•Ажурирај: 21 Август 2019
ЕНКОРИЏ (АА) - Пронајдено е писмо во шише, кое било напишано пред 50 години од руски поморски офицер во американската сојузна држава Алјаска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тајлер Иваноф, собирајќи огнено дрво за користење при лов, во градот Шишмареф пронашол писмо во шише.
Иваноф истакна дека кога го отворил писмото видел дека е напишано на руски и дека дека не може да го прочита. Затоа го објавил на својот социјален профил.
Тој, исто така, рече дека благодарение на неговите пријатели што зборуваат руски јазик, откриле дека писмото е напишано на 20 јуни 1969 година од рускиот офицер Анатолиј Боцаненко.
Рускиот државен канал „Русија-1“, кој бил информиран за писмото, успеал да стигне до Боцаненко, сопственикот на писмото.
Боцаненко на почетокот не можел да поверува дека тоа е неговото писмо, но откако го видел својот потпис се уверил.
Кога го напишал писмото, Боцаненко имал 36 години и работел на бродот „Сулак“. Писмото содржи и адреса и молба за одговор од лицето што ќе го пронајде.