Yeşim Sert Karaaslan
05 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
АНКАРА (AA) - Во светот дневно умираат 800 трудници, меѓу кои 507 од нив се трудници од воените подрачја кои немаат адекватна здравствена помош, се наведува во Извештајот „Состојбата на светската популација 2015“ на ОН, јавува Anadolu Agency (АА).
Претставник на Популацискиот фонд на Обединетите нации (UNFPA) за Турција, Карл Кулеса во интервју за АА истакна дека хуманитарната помош во воените подрачја има голема важност, дека таа не се базира само на вода, храна, лекови и облека.
Според него, пружањето здравствени услуги во рамки на хуманитарната помош е исто така од големо значење.
„Во доставувањето на хуманитарна помош често се занемаруваат здравствените потреби на жените и децата. Извештајот покажува дека посебно жените и младите женски лица, поради несоодветната здравствена поддршка за заштита од ХИВ или користењето на услугите на бабиците, го изгубиле животот“, рече Кулеса.
Истакна дека денес во светот има над 100 милиони луѓе кои имаат потреба од хуманитарна помош, и дека 26 милиони од нив се жени во репродуктивниот период.
„Поради неадекватна здравствена помош, три од пет мајки умираат во со војна зафатените подрачја. Наша цел е, секако, да го намалиме тој број“, рече Кулеса и додаде дека овој проблем е присутен во целиот свет.
„Во светот денес на дневна основа умираат околу 800 жени во текот на бременоста, поради несоодветна здравствена поддршка. Меѓу нив, 507 жени се од воените зони. Главен причинител на овој проблем е падот на инфраструктурата во здравствената заштита“, нагласи Кулеса.