Bekim Laci
07 Октомври 2016•Ажурирај: 08 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ со прес-конференција за медиумите го одбележа „Европскиот ден за донирање на органи“ под мотото „Дојди да разговараме за тоа“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на здружението „Нефрон“, Љубинко Трпеновски, рече дека донирањето орган е посебна форма на хуманост, без која не може да се реализира трансплантацијата на органите што можат да спасат човечки живот, но како што потенцираше, вкупната перцепција во светот кога се споменува донирањето орган подразбира само пренесување на орган од мртво човечко тело, на жив човек.
„Поради оваа причина“, рече тој, „во соработка со Европската дирекција за медицински квалитет, акцентот на одбележувањето на Денот за донација на органите е објавувањето на боршурата под мотото „Дојди да разговараме за тоа“, а во меѓувреме беше објавен и формуларот каде што донаторот потпишува за својата желба да донира орган.
„На овој посебен ден, ја искористуваме можноста да ја подигнеме свеста на нашите граѓани за потребата за трасплантација на органите коишто спасуваат човечки животи, охрабрувајќи ги членовите на семејството и блиските на болните да донираат органи според можностите или ако некој член од семејството почине, да ја дадат својата согласност за донација на органите“, рече Трпеновски, кој му се заблагодари на медицинскиот персонал од одделот за нефрологија за нивните напори во оваа насока.
Претседателот на советот на пациенти на организацијата „Нефрон“, Душко Георгиев рече дека пациентите имаат свои барања, меѓу кои солиден систем за кадаверична трансплантација на бубрези, затоа што околу 200 бубрези во годината се губат во неповрат; формирање на работни групи во Министерството за здраство коишто ќе се занимават само со трансплантација на органите; воспоставување државна кампања којашто ќе ги промовира донирањето на органите, како и серија барања како што е поставувањето листа на лекови за пациентите на дијализа“.
Објавената брошура, „Дојди да разговарме за тоа“, дава одговор за најчестите прашања што се поставуваат во врска со донирањето на органите, како што се: кои органи најчесто се трансплантираат, кои транспланти се земаат денеска, кога лицето може да даде орган или ткиво, дали постои ограничување на минимална старост/возраст за да се биде донатор на орган? Покрај ова, брошурата дава информации за тоа како некое лице може да стане донатор на орган.