свет, живот

Децата погодени од војната во Газа се соочуваат со разни болести во шаторите без хигиенски услови

Поради пренатрупаноста во камповите, нехигиената и акумулацијата на отпадни води во областа, децата од Газа доаѓаат во болничкиот шатор во областа поради кожни болести, шуга и исипување

Zehra Nur Düz  | 07.08.2024 - Обновена : 09.08.2024
Децата погодени од војната во Газа се соочуваат со разни болести во шаторите без хигиенски услови

ДЕИР АЛ-БАЛАХ (АА) – Стотици палестински семејства што избегаа од израелските напади и побараа засолниште во Деир ал Балах, во централниот дел на Појасот Газа, се изложени на разни болести во шаторите без хигиенски услови, јавува Анадолу.

Поради пренатрупаноста во камповите, нехигиената и акумулацијата на отпадни води во областа, децата од Газа доаѓаат во болничкиот шатор во областа поради кожни болести, шуга и исипување.

Палестинските лекари што работат во болничкиот шатор се обидуваат да ги лекуваат децата со ограничените ресурси.

Лекарот Самих Ахмед, кој работи во болничкиот шатор, за Анадолу рече дека неколкумина здравствени работници волонтери им пружаат помош на раселените жители на Газа засолнети во кампот.

„Со зголемувањето на населението во кампот и уништената инфраструктура во областа, отпадните води стигнаа до станбените делови“, рече Ахмед, предупредувајќи дека не може да се обезбедат хигиенски услови во регионот каде што пристапот до вода е ограничен.

„Како резултат на тоа, бројот на епидемиски кожни болести, како што се шуга, сипаници и исипувања, е зголемен кај жителите на Газа“, рече тој.

Ахмед нагласи дека отпадните води што течат од улиците и навлегуваат во шаторите предизвикало да се зголеми бројот на инсекти, а тоа доведува до разни болести.

„Со доаѓањето на летото има многу случаи на изгореници на кожата“, истакна Ахмед.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 40.000 Палестинци, главно жени и деца, а над 91.000 се повредени.

Речиси 10 месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, а постои блокада за храна, чиста вода и лекови.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.