Mustafa Çavuş
11 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
САМСУН
Спец. д-р Фејзи Ѓокосманоглу од одделот за Ендокринологија и метаболизам при болницата Медикана во Самсун, истакна дека кај жените што се во доба на раѓање, ендокрините нарушувања можат да бидат пречка за имање пород, а во исто време можат да предизвикаат несакани последици кај мајката и бебето во периодот на бременоста, јавува Агенција Анадолија (АА).
Д-р Ѓокосманоглу објави текст во кој истакнува дека симптомите на заболување на тироидната жлезда можат да наликуваат на симптомите на бременост и додава „Како што гушата може да се дијагностицира пред бременоста, таа може да се развие и во периодот на бременост. Многу е важно да се направи ендокринолошко испитување бидејќи симптомите на заболување на тироидната жлезда наликуваат на симптомите што се забележуваат при бременост, како што се тахикардија, омалаксаност, немање апетит, гадливост, повраќање и други симптоми, а тоа може да биде причина за доцно дијагностицирање на заболувањето.“
Во својот текст д-р Ѓокосманоглу истакнува дека недостатокот на јод во бременоста може да биде причина за ментална ретардираност кај бебето, додавајќи:
„За да се спречи недостатокот на јод во бременоста треба да се конзумира сол богата со јод, преку консуирање на храната богата со јод и додатоци на храната, обезбедувајќи 150 до 200 микрограми јод на дневно ниво во организмот. Доколку не се корегира недостатокот на јодта, тоа може да доведе до ниска интелигенција на бебето, негов тежок развој и нарушување на неговиот нервен систем.
Информирајќи дека кај 2% од трудниците се развива хипотироидизам, д-р Ѓокосманоглу истакна дека тоа е во релација со Хашимотовиот тироидитис и додаде „Недостатокот на тироидниот хормон предизвикува негативни ефекти и кај мајката и кај бебето. Кај трудниците настанува спонтан абортус, труење од бременост, ризик од крварење по породувањето, омалаксаност, анемија, додека кај бебето настанува вроден хипотиреоидизам, детето има интелектуална и когнитивна дисфункција. Затоа многу е важно откривањето на хипотироидата кај мајката“.
Нагласувајќи дека треба да се обрне внимание на отровната гушавост во периодот на бременост, д-р Ѓокосманоглу го истакна следното:
„Хипотироидата (отровна гушавост) во бременоста е присутна од 0,2-1%. Поголемиот дел претставуваат случаи на Базедова болест. Отровната гушавост кај трудниците предизвикува спонтан абортус, висок придисок предизвикан од бременоста, предвремено пораѓање, анемија, инфекција, аритмија, а кај понапредните случаи може да предизвика срцева слабост и тироидна криза. Од аспект на бебето, тоа заостанува во развојот додека е во мајчината утроба, а може да предизвика и предвремено пораѓање. Од тие причини многу е важно трудниците да ја следат тиродната жлезда во клиниките за еднокринологија и да го спроведуваат потребниот третман од аспект на здравјето на мајката и здравјето на бебето.“