Lale Köklü
08 Декември 2018•Ажурирај: 10 Декември 2018
ХАТАЈ (АА) - ЛАЛЕ ЌОКЛУ/ЏЕМ ГЕНЏО -
Сиријката Маја Мери, која откако била забележана во камп во Идлиб како се обидува да продолжи со својот живот со помош на помагало кое нејзиниот татко, исто така, инвалид, го направил од пластична цевка и конзерва, беше донесена во Турција на лекување каде што ги доби своите протетички нозе, се врати во својата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Нозете на осумгодишната Сиријка Маја која заедно со нејзиното семејство избегала од нападите на сирискиот режим, а живее во кампот „Сер Џебле“ во Идлиб, биле исечени од колената поради проблем при раѓањето. Нејзе ѝ е пружена помош по нејзината изјава за АА.
Претседателот на турската Црвена полумесечина, Керем Киник, овозможи Маја и нејзиниот татко да бидат донесени во Турција, а благодарение на специјалистот по протетика, Мејмет Зеки Чулџу, таа ги доби своите протетички нозе. По тримесечното лекување, заедно со нејзиниот татко, во координација со турската Црвена полумесечина, таа се врати во својата земја.

Маја и нејзиниот татко доживеаја голема радост откако преминаа од граничниот премин „Џилвеѓозу“ во подрачјето на Рејханли во Хатај.
Кадир Акѓундуз, теренски координатор на турската Црвена полумесечина во Сирија, во изјава за АА истакна дека започнале активности за помагање на Маја откако добиле информации за нејзината состојба.
„Нејзиното протетичко лекување беше во траење од 3 месеци. Како резултат на тоа, Маја веќе почна да оди со нејзините протетички нозе. Сигурно дека беше еден тежок процес. Ние како турска Црвена полумесечина обезбедивме секаква поддршка. Сега Маја повторно се враќа во својот дом, и сега пешачејќи може да оди во училиште“, рече Акѓундуз, информирајќи дека лекувањето на Маја ќе биде под надзор.
Акѓундуз нагласи дека додека Маја расте, ќе има потреба од обновување на протетичките нозе, и дека турската Црвена полумесечина ќе се грижи за неа во текот на овој процес. Акѓундуз рече дека исто така, и таткото на Маја добил протези.
Мухамед Али Мери, таткото на Маја, истакна дека го следи лекувањето на својата ќерка, како и своето лекување, и дека сега веќе имаат свои протетички нозе.
„Нашето лекување заврши, и фала му на Бога, сега се враќаме во нашиот дом. Отсега, па натаму, ќе имаме можност да ја праќаме Маја во училиште. Нејзината мајка нѐ чека со возбуда, ќе се сретнеме со неа“, додаде тој.