Kemal Ozdemir
25 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
ЕРЗИНЏАН (АА) - Во турската област Ерзинџан се случи нешто необично во стадото на Џелал Ѓул. Едно јагне кое штотуку дошло на свет останало на пасиштето откако стадото го напуштило, но овчарскиот пес го забележал и останал со него за да го штити сѐ до враќањето на овчарот наредното утро, јавува Anadolu Agency (AA).
Сопственикот на стадото, Џелал Ѓул, прв поглед не го забележал јагнето, па тоа останало незаштитено на пасиштето. Песот кангал пак, останал со јагнето до раните утрински часови, а со првите зраци на сонцето, лаежот го вознемирил сопственикот на стадото.
Ѓул во изјавата за АА рече дека откако го слушнал лаежот на својот пес, останал изненаден од глетката што ја затекнал по доаѓањето на пасиштето.
„Непосредно пред вечерта ги изнесов овците на пасење. Одев пред стадото, а бидејќи бев сам, почетокот на стадото го препуштив на песот кангал. Подоцна забележав дека песот не дојде со стадото, но помислив дека намирисал волци и отишол во потрага по нив. Кога утрината пиев чај, слушнав лаеж и трчајќи се упатив во правецот од каде што доаѓаше. Кога стигнав, видов дека покрај песот лежи и јагне. Тој цела ноќ бдеел над јагнето за да не умре“, изјави Ѓул.