Emel Gözellik
07 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
АНКАРА
Светски фонд за природа (WWF) соопшти дека од пожарите кои избувнаа минатата година во Австралија се погодени (загинати, повредени или раселени) најмалку 60.000 коали, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на WWF се наведува дека како последица на пожарите кои се случија минатата година во Австралија, голем број видови животни се соочиле со различни проблеми како смрт, повреда, трауми, труење од чад, како и загуба на живеалиште и храна.
Директорот на WWF за Австралија, Дермот О' Горман, нагласи дека од пожарите кои избувнаа минатата година во Австралија се погодени (загинати, повредени или раселени) најмалку 60.000 коали.
Тој рече дека WWF со една кампања за коалите има за цел до 2050 година двојно да го зголеми бројот на коалите. Истакна дека бројот на коалите во австралиските сојузни држави Нов Јужен Велс и Квинсленд била во пад и пред пожарите.
Според извештајот на WWF, од пожарите погодени се околу 41.000 коали на островот Kangaroo во јужниот дел на Австралија, над 11.000 коали во Викторија, околу 8.000 коали во Нов Јужен Велс и околу 900 коали во Квинсленд.
Во зоните погодени од пожарите живеат 143 милиони цицачи, околу 2,5 милијарди рептили, 181 милиони птици и 51 милион жаби.
Министерката за животна средина на Австралија, Сусан Леј, претходно соопшти дека за заштита на коалите во земјата е одвоен фонд од 18 милиони долари, кои ќе бидат користени и за други намени.