Ekip
03 Ноември 2018•Ажурирај: 04 Ноември 2018
ЛОНДОН (AA) - Членките на најпознатиот женски бенд од ’90-тите години, Спајс Грлс (Spice Girls) повторно ќе се соберат, но без Викторија Бекам, јавува Anadolu Agency (AA).
„The Sun“ објави дека наскоро ќе биде позната новата турнеја на оваа група. Меѓутоа, наведено е дека настапите ќе поминат без Викторија Бекам.
Некогаш популарната женска група сними порака која ќе биде објавена в понеделник, со која ќе ја најави турнејата.
Освен Бекам, сега успешна модна дизајнерка, во составот се и Мелани Кришолм, Ема Бантон, Мелани Браун и Гери Халивел.
Најпопуларните хитови од ’90-тите се „Wannabe" и „Viva Forever". Последен пат заедно настапувале во 2012 година.