Симболот на Ван добива нови генерации - мачка Су омачи пет мачиња
- Во Центарот за истражување на мачките ван при Универзитетот „Јузунџу Јил“ во градот Ван, мачката Су, која беше прогласена за најдобра на меѓународен натпревар, неодамна омачи пет мачиња

СКОПЈЕ (АА) - Во Центарот за истражување на мачките ван при Универзитетот „Јузунџу Јил“ во градот Ван, мачката Су, која беше прогласена за најдобра на меѓународен натпревар, неодамна омачи пет мачиња, јавува Анадолу.
Со оваа радосна вест уште еднаш се потврдува успешната работа на центарот што игра клучна улога во заштитата и продолжувањето на генерацијата на светски познатите мачки ван.
Преку научни истражувања и селективен процес на одгледување, центарот активно работи на зачувување на оваа уникатна раса што е препознатлива по снежно белото крзно и различно обоените очи.
Ванската мачка, симбол на регионот, привлекува внимание не само со впечатливиот изглед туку и со пријателскиот и разигран карактер.
Центарот, покрај научната работа, е отворен и за посетители што имаат можност одблизу да ги запознаат овие необични мачки, да се дружат со нив и да направат фотографии за спомен.
Благодарение на континуираните напори на експертите, ванската мачка останува заштитен белег на регионот и омилен жител меѓу љубителите на животни од целиот свет.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.