Скопје: Се прават последните подготовки за пуштање во сообраќај на првиот модерен електичен воз
Во Скопје неодамна пристигна првиот нов, модерен електричен воз, кој наскоро ќе биде ставена во функција, а со кој патниците ќе можат да очекуваат подобро и поквалитетно возење????? ????, ????? ????????
08 Ноември 2015•Ажурирај: 09 Ноември 2015
СкопјеВо Скопје неодамна пристигна првиот нов, модерен електричен воз, кој наскоро ќе биде ставена во функција, а со кој патниците ќе можат да очекуваат подобро и поквалитетно возење.
Уредувањето на зградите на железничките станици низ земјава, подобрувањето на железничката инфраструктура и доаѓањето на новиот кисенски воз, се актуелните активности на ЈП Македонски железници Транспорт, со кои ќе ги подобрат своите услуги.
Генералниот директор на компанијата, Никола Костов, во интервју за Anadalu Agency (АА), вели дека новиот воз е во фаза на тестирање и подготовка пред да се стави во функција, дека ситте активности се одвиваат без пречки, како и дека очекува патниците да уживаат во возење со новиот модерен воз.
"Првиот кинески воз пристигна. Сега се вршат подготовки во тренинг центарот од страна на кинески партнер. Сметам дека во наредните 15 дена ќе можеме да ја направиме првата промоција и во наредните 15-30 дена, патниците ќе можат да да го користат возот", вели Костов.
Цената на возниот билет за сега ќе остане иста, без разлика што патниците ќе се возат во нов модерен воз. Електромоторна гарнитура е предвидено во наредните месеци да се тестира на пругата од Табановце до Гевгелија, а ќе биде потребна и обука на машиновозачите за управување со возот.
Во исто време, за одржување ќе биде потребна и обука на железничкиот сервисен персонал.
Овој воз е еден од шесте кинески возови што треба да пристигнат во Македонија. Договорот со кинеската компанија беше потпишан во средината на минатата година, а годинава пак МЖ Транспорт од Европската банка за обнова и развој зема кредит од 50 милиони евра.
Шестте модерни возови чинат 25 милиони евра.
Невзад Махмути, портпарол во ЈП Македонски Желензици инфраструктура, ги смирува скептиците кои велат дека постоечката железничка инфранструкра нема да биде во можност да одговори на инфраструктурните потреби на новите возови. Тој уверува дека во блиска иднина граѓаните ќе уживаат во удобно возење со новите возови.
Махмути, во изјава за АА, изјавува дека шините на мрежата на железницата се во можност да издржи брзнина на воз со брзина 120 km/h.
“Железничката инсфраструктура може да издржи брзина на воз до 120 км на час, и тоа значи дека новите возови ќе ја адаптираат нивната брзина според моменталната ифраструктра” ,рече Махмути.
Инаку, железничкиот сообраќај во Република Македонија датира пред 143 години, кога на деветти август 1873 година завршила изградбата на првата железничка линија во Македонија помеѓу Солун и Скопје . На тој ден пристигнал првиот воз во железничката станица Скопје и тоа се смета за почеток на железницата во Македонија.