Aişe Hümeyra Akgün
07 Октомври 2025•Ажурирај: 14 Октомври 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Шкотланѓанка го прифати исламот инспирирана од популарната турска историска серија „Основачот Осман“, продукција на „Bozdağ Film“, јавува Анадолу.
Како што соопшти продукциската куќа, Џулиета Лорена Мартинез исклучително се заинтересирала за турската култура додека ја гледала серијата, а подоцна тоа ја поттикнало да направи дополнителни истражувања и на крајот да донесе одлука да го прими исламот.
„Почнав да гледам турски серии за време на пандемијата бидејќи бев длабоко трогната од приказната, историјата и информации за исламот што претходно никогаш не сум ги знаела“, изјави Мартинез за Анадолу.
„Ова ме мотивираше да го прочитам Куранот и по две години, по гледањето на ‘Осман’, го изговорив шехадетот и станав муслиманка.“
Подоцна Мартинез отпатувала во Истанбул, каде што го посетила студиото на „Bozdağ Film“, ги разгледала локациите на снимањето и била во кампот на племето Каји, прикажан во серијата.
Таа ја опиша посетата како „емотивно поклонение“, додавајќи: „Се чувствувам обновено. Го сакам ова.“
Серијата „Основачот Осман“ стана глобален феномен, привлекувајќи милиони гледачи низ светот со прикажувањето на основањето на Османлиското Царство и богатото културно наследство на Турција.