Hasan Esen
29 Јануари 2018•Ажурирај: 30 Јануари 2018
МАДРИД (АА) - Еден службеник од Шпанија работел само 18 месеци во неговиот 15-годишен професионален живот, а другиот дел го поминал со земање слободни денови и лекарски извештаи, за што добивал плата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста од весникот, „Ел Паис“, службеник кој работел како асистент во психијатриска болница во градот Аликанте, во југоисточниот дел на Шпанија, во период од 2001 до 2016 година, веднаш штом ќе му завршеле слободните денови земал боледување, и тоа постојано го повторувал.
Во текот на овој период, службеникот зел лекарски извештаи за вкупно 4.553 денови, и тоа седум пати едногодишен лекарски извештај, и три пати лекарски извештај за една и пол година. Покрај извештаите, службеникот користел и легални слободни денови, а за овој период работел само 18 месеци.
- Целосно легален акт -
Алехандро Морал, еден од надлежните од овој град, истакна дека иако овој акт не е етички, тој е легален, и додаде дека е започната дисциплинска истрага против службеникот кој дејствувал во рамките на законот.
Овој службеник ги доби тужбите поднесени против него, докажувајќи дека Националната институција за социјална заштита не го информирала дека треба да се врати на работа по завршување на периодот на лекарските извештаи.
Се истакнува дека службеникот кој во рамките на законот за заштита на личните податоци не е принуден да ја каже својата болест, која, според него, го спречила во изршување на работата, продолжува да зема плата од 1.500 евра.