Burak Bir,Burak Dağ
17 Август 2020•Ажурирај: 18 Август 2020
АНКАРА (АА) - Турција денес потврди 1.233 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, дијагностицирани во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот број на досега заразени достигна 250.542, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на изминатото деноноќие во Турција регистрирани се 1.002 оздравени пациенти од Ковид-19, соопшти турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, преку Твитер.
Цитирајќи ги податоците на Министерството за здравство, Коџа истакна дека вкупниот број на досега оздравени достигна 231.971.
Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се искачи на 5.996, бидејќи во текот на изминатите 24 часа починаа уште 22 лица.
Здравствените работници во истиот период спроведоа 74.846 тестирања за вирусот, со што вкупниот број на извршени тестирања од почетокот на епидемијата во земјата се зголеми на над 5,8 милиони.
Коџа нагласи дека иако новите пациенти можат лесно да се опорават од овој вирус, ширењето на вирусот го зголемува бројот на сериозно болните луѓе.
Турскиот министер додаде дека бројот на активни случаи во земјата изнесува 12.575.