Yusuf Hatip
08 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
БРИСЕЛ
Во Белгија во последните 24 часа се детектирани 1.209 случаи на заразеност со новиот тип коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на заразени изнесува 23.403, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за кризи во Белгија соопшти дека во последните 24 часа во болница се префрлени 487 лица, со што во болниците се наоѓаат 6.499 лица.
Во соопштението се вели дена во земјата на интензивна нега се наоѓаат 1.276 пациенти.
Заедно со новозаразените 1.209 лица во последните 24 часа, вкупниот број на детектирани случаи на лица позитивни на Ковид-19 во Белгија изнесува над 23.403. Во последните 24 часа од последиците предизвикани од новиот тип коронавирус животот го загубија 205 лица, со што вкупниот број на починати се искачи на 2.240.