Seda Sevencan
27 Март 2021•Ажурирај: 28 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во изминатите 24 часа во Турција се регистрирани над 30.000 нови случаи на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот биланс на досега заразени на 3,17 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на турското Министерство за здравство, потврдени се 30.021 новозаразено лице, вклучувајќи 1.281 симптоматски пациент.
Со 151 смртен случај во изминатото деноноќие, бројот на починати од Ковид-19 во земјата од почетокот на епидемијата достигна 30.923.
Уште 18.892 пациенти ја победија битката со вирусот, со што бројот на оздравени надмина 2,9 милиони.
Досега во Турција се спроведени над 37,65 милиони тестирања за коронавирусот, од кои 223.214 се реализирани од вчера.
Најновите податоци покажуваат дека бројот на пациенти со Ковид-19 во критична состојба изнесува 1.886.
Турција започна масовна вакцинација против Ковид-19 на почетокот на јануари и досега администрира над 14,65 милиони дози од вакцината, според официјалните податоци.
Над 8,21 милиони луѓе ја примија првата доза, додека над 6,4 милиони го завршија вакцинирањето со двете дози.
Од декември 2019 година, пандемијата во светот однесе над 2,77 милиони животи.
Над 126,29 милиони случаи се регистрирани од почетокот на пандемијата, од кои оздравеле над 71,57 милиони, според податоците на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“.