Dmitri Chirciu
03 Мај 2020•Ажурирај: 03 Мај 2020
МОСКВА (АА) – Во Русија, во последните 24 часа бројот на починати од новиот вид коронавирус, Ковид 19, се искачи на 1.280 лица, додека бројот на заразени се зголеми на 134.687, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Центарот за контрола и превенција на инфекциите од коронавирусот во Русија, бројот на заболени од Ковид-19 достигна 134.687, со зголемување од 10.633 лица во последните 24 часа.
Бројот на излекувани пациенти во земјата се искачи на 16.639, од кои 1.626 лица во последните 24 часа. Бројот на починати се зголеми за 58 во последните 24 часа, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 1.280.
Наведено е дека 50,3 проценти од новите случаи немале никакви симптоми, а дневната стапка на раст на бројот на заболени е 8,6 проценти.
- Најголем број случаи со Ковид-19 евидентирани во Москва -
Во Москва, во последното деноноќие дијагностицирани се 5.948 нови случаи со коронавирусот, со што вкупната бројка се искачи на 68.606.
Руската служба за заштита на човековото здравје и правата на потрошувачите информира дека приближно 215.000 луѓе се задржани за надзор и дека досега се извршени над 4.100.000 илјади тестови.
- Бројот на случаи во руската Армија и воените училишта надмина 2.900 -
Во соопштението на руското Министерство за одбрана се истакнува дека во Армијата се регистрирани вкупно 1.177 случаи со коронавирусот, со зголемување за 78 во последните 24 часа.
Наведено е дека во Армијата Ковид-19 е откриен кај 322 цивилни службеници, а во училиштата поврзани со Министерството за одбрана кај 1.404 ученици и наставници. Исто така, истакнато е дека повеќе од 160 лица се излекувани.
Во Русија првиот случај со Ковид-19 беше регистриран на 31 јануари кај двајца кинески државјани во регионите Тјумен и Трансбајкал, јужно од Сибир.
Првиот смртен случај од Ковид-19 се случи на 19 март, кога почина 79-годишна жена во Москва, главниот град на Русија.