Burcu Çalık Göçümlü
16 Јули 2021•Ажурирај: 19 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, изјави дека клиничкото испитување со третата доза на вакцината „Турковак-Короновак“ започнало во Градската болница во Анкара, известува Агенција Анадолија (АА).
Коџа на својот профил на социјалните мрежи објави:
„Клиничкото испитување на третата доза на вакцината „Турковак-Короновак“ започна во Градската болница во Анкара. Во оваа студија учествуваат волонтери на возраст помеѓу 18 и 59 години кои имаат примено две дози од вакцината на „Синовак“, при што се изминати 90 дена од примањето на втората доза. Од базата на Одделот за вакцинација очекуваме поддршка за домашната вакцина.“
Министерот Коџа објави телефонски број на кој волонтерите можат да се пријавуваат.