Esat Fırat
22 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска изјави дека лицата над 60 години и здравствените работници ќе примаат четврта доза на вакцината против коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Весникот „Хаарец“ објави дека Бенет позитивно одговорил на препораките на Здравствениот одбор и дал инструкции да се започне со аплицирање на вакцината.
Претходно оваа недела, израелската Влада го одобри предлогот поднесен од Бенет за намалување на работниот капацитет во владините институции на 50 отсто, а преостанатиот процент од вработените да работ оддома.
Одлуката ќе стапи во сила в недела и ќе трае до 26 јануари 2022 година.
Министерството за здравство денеска соопшти дека бројот на заразени со варијантата Омикрон во Израел се удвоил за еден ден и достигнал 341.