Ali Cura
13 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
МОСКВА
Во Русија бројот на починати од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се искачи на 15.384, додека бројот на откриени случаи во земјата порасна на 907.758, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на рускиот Центар за контрола и спречување на ширењето на коронавирусот, во последните 24 часа во земјата откриени се 6.098 нови случаи на заразување, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи во Русија се зголеми на 907.758.
Во последните 24 часа Ковид-19 е причина за смртта на уште 124 лица. Со ова, вкупната бројка на починати во земјата порасна на 15.384.
Оздравеа уште 6.098 лицa, со што вкупната бројка на оздравени од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 716.396.
Во Русија направени се над 31 милион и 500 илјади тестирања за Ковид-19.